Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“
Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата.
„Koj е следен?” во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.