Денес ги потпишав решенијата за финансиска поддршка на семејства на деца со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовната настава од сите општински основни училишта.
Стипендијата изнесува 2.000 денари месечно, при што за 9 месеци, односно за целата учебна година, 2025/2026 година од Буџетот на Општина Штип за 32 ученици, ќе бидат исплатени вкупно 576.000 денари.
Оваа финансиска поддршка се реализира преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година.