НОВА УРБАНА ОАЗА ВО ШТИП: ОД ЗАБОРАВЕН ПРОСТОР ДО ПАРК, СПОРТСКИ И СПА ЦЕНТАР
Се наоѓаме на улицата „Кежовица“, веднаш зад физикалната терапија, каде што во тек е асфалтирање и уредување на површини со цел подобрување на пристапноста за жителите од соседната населба, како и за посетителите на бањата и физикалната терапија која се наоѓа во непосредна близина.
Овој простор во наредниот период ќе прерасне во значајна урбана зона, со бројни содржини од јавен интерес. Предвидено е уредување на нов парк на површина од 10.000 метри квадратни, изградба на мост на кејот на реката Брегалница кој ќе ја поврзува обиколницата, како и реализација на спортски содржини – терени за тенис, спортски игралишта и картинг патека.
Дополнително, локалната самоуправа планира изградба на СПА центар, проект кој се очекува да се реализира во наредните години.
„Ова е само почеток. Пристапноста е првиот чекор во процесот на урбанизација. Нашата цел е од простор кој бил запоставен да создадеме современ парк, спортски и СПА центар, кој ќе донесе нова вредност за градот. Со вакви проекти го поттикнуваме развојот на Штип, што е од суштинско значење“, изјави градоначалникот Иван Јорданов.