Штип деновиве живее во духот на својот патрон празник – „Свети Никола“, заштитникот на нашиот град.
Свечената академија беше посветена на овогодишниот добитник на Орденот „Свети Никола“, академик Јордан Поп Јорданов, а признанија „19 Декември“ добија заслужни поединци, институции, општествено одговорни компании и граѓански здруженија, кои со својата работа оставиле длабока трага во развојот и афирмацијата на Штип.
Свечена архиерејска литургија и традиционална литија, се одржаа во Соборниот храм „Свети Никола“, во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, со што уште еднаш се потврди силната врска меѓу верата и традицијата на нашиот град.
Честит празник на сите штипјани – нека „Свети Никола“ ни донесе здравје, мир и напредок!