Денес започна асфалтирањето на кракот од улицата „Велјко Влаховиќ“, поврзувајќи ја населба Пребег со новата обиколница.
Паралелно се работи и на краците што ќе ги поврзат населба Железничка и Мерите со обиколницата, а наскоро следува изградба на нов мост на река ,,Брегалница“ и нов кружен тек кај црквата „Јован Крстител“, со што дополнително ќе се подобри сообраќајната безбедност.
Ваквите инфраструктурни зафати се темел на еден современ и поврзан Штип, град кој расте и се развива со јасна визија за иднината.