
Вечерва, во славното штипско Ново Село, го почнавме изборниот караван – од каде искрено и чесно, со видливи резултати и истрајна работа, повторно барам поддршка, заедно да продолжиме да го развиваме ова наше маало и целиот Штип.
Посебно сум горд што со нас стои тим од решителни луѓе кои ќе креираат Совет со јасен правец и сигурна визија. Тим со кој храбро ќе се соочиме со предизвиците што ги носи новото време. Носител на оваа победничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ е д-р Весна Ушинова ✅ – личност со знаење, искуство и посветеност за иднината на Штип.
Нашата заедничка цел е јасна – да продолжиме да го градиме Штип како централно место на гордост, за младите, за семејствата и за секој наш сограѓанин.