
Градот Штип беше домаќин на интернационален студентски конгрес по медицина, настан кој го стави Универзитетот „Гоце Делчев“ во фокусот на регионалната и меѓународната академска сцена. Настанот собра млади студенти и идни здравствени професионалци од различни земји, кои имаа можност да разменат искуства, знаења и идеи од областа на медицината.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ја изрази својата поддршка за ваквите иницијативи и истакна дека ваквите настани имаат големо значење за развојот на градот и државата.
„Во нашиот град, благодарение на Универзитетот, се врши пренос на знаење и искуство. Доста разни иницијативи произлегуваат. Мене ми е драго што токму во Штип се реализира овој настан. Верувам дека преку ваквите настани можат да се мотивираат младите да го трасираат патот кон успешноста, кон образованието, кое што треба да го развива нашиот град и нашата држава. Целосна поддршка имаат од локалната самоуправа на Штип,“ изјави Јорданов.
Тој дополнително го нагласи значењето на академската мобилност и размената на знаење:
„Размената на искуства е клучно. Практично, Универзитетот ‘Гоце Делчев’ многу пати покажал дека преку размената на студенти може да имаме и поквалитетно образование, токму поради тој процес на размена на студенти и знаење и искуство.“
Интернационалниот студентски конгрес ја потврди улогата на Штип како еден од централните академски хабови во Македонија, а Универзитетот „Гоце Делчев“ уште еднаш ја покажа својата отвореност кон светот и заложбата за квалитетно високо образование