Отворено писмо од поддржувачите на д-р Владко Грозданов објавено на фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ Кочани:
“Ние, граѓаните на Кочани, се обраќаме со јасна порака: доста беше од лаги, од ароганција и од лицемерие на неизбраниот в.д. Кој работи само за свој личен интерес!
Ние се спротивставуваме…
Ние, илјадници граѓани на Кочани, се спротивставуваме на лицемерието, на нечесноста на неизбраниот вршител на должност градоначалник и неговиот однос како и на сè што го понижува овој град.
Се спротивставуваме на актуелниот в.д. градоначалник, кој привремената функција ја претвори во лична кампања.
Се спротивставуваме на импровизацијата на неговата ароганцијата што ја узурпира општината и го гази достоинството на чесниот човек.
Се спротивставуваме на лицемерието со кое зборува за „департизација“, а од службени патувања по Европа се враќа со фотографии од шанкoви и пабови.
На лицемер кој со службено возило и шофер доаѓа да положи цвеќе, и бара функција од својот изборен штаб додека глуми независен!
На човек кој за себе зема сè од Општинската зграда, а за јавноста нуди магла, омраза и празни зборови против власта координиран од еден хотел од центарот на градот!
На човек кој има 34 години, а нема ниту еден ден вистински стаж.
На човек кој во својот живот добива пари од општинската сметка а досега нема уплатено ниту денар за Општина Кочани – ниту за вода, ниту за данок, ниту за јавно осветлување – тој денес одлучува за иднината на нашите деца.
Се спротивставуваме на тоа општината да биде штаб, а вработените алатка за партиски интереси.
На тоа што учителите беа оставени без поддршка, и ладнокрвно ризикуваше наставници да останат без работа а КЈП плаќа 10 пати повисоки провизии за привремените вработени кои наместо метли ракуваат со музички инструменти ама гласаат “по налог”!
На тоа што улиците се бетонираат незаконски, без проект, без дозвола – само за да се наградат поддржувачи во ромските маала, со јавни пари и политички калкулации.
Се спротивставуваме на понижувачките прослави со трубачи, тапани и бакшиши, додека градот тажи и тоне во долгови.
На срамниот контраст меѓу бедата на едните и разметливоста на другите.
Се спротивставуваме на лажните слики од „работа“, направени само за камера, додека вистинската работа стои.
На полни контејнери, пропаднати јавни набавки и неспособност да се обезбеди дури и една машина за одржување на депонијата.
На неконтролирани вработувања на роднини и пријатели, додека младите со дипломи си заминуваат од Кочани.
На тоа што јавните пари се користат за лична промоција, а не за вистински развој на градот.
Ние се спротивставуваме на политиката без морал, на владеење без визија и на кампањи без совест.
Затоа што знаеме дека општина не се води со трубачи и насилници, туку со одговорност и труд.
Се спротивставуваме не со трубачи, туку со искреност.
Не со галама, туку со резултати.
Не со лаги, туку со чесност.
Ние сме тие што се спротивставуваме – илјадници граѓани на Кочани кои веруваат дека достоинството на градот вреди повеќе од една фотелја.
Ние стоиме зад човекот кој го познава секој агол на овој град – од болницата до најоддалеченото маало.
Човек кој секогаш е меѓу народот.
Д-р Владко Грозданов е нашиот избор.
Се спротивставуваме за да создадеме, за да изградиме, за да го вратиме редот, чесноста и човечноста во Кочани.
За град кој ќе биде пример, не предупредување.
За Кочани што повторно ќе може гордо да каже:
Да, ова е нашето Кочани.”