Објава на градоначалникот на Штип Иван Јорданов кој го доби уверението за втор мандат на Штип:
Денес официјално го добив уверението за втор мандат градоначалник на Општина Штип.
Овој документ не е само потврда на резултатите од изминатите четири години, туку и силна обврска за довербата што ми ја дадовте.
Новиот мандат за мене значи да продолжам со истата енергија, посветеност и љубов кон нашиот Штип, затоа што она што е создадено, останува за секој еден од нас.
Ви благодарам од срце за довербата и поддршката!
Заедно ќе продолжиме да го градиме Штип како место на развој, резултати и гордост на Македонија.