
Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ и Коалицијата, Павел Иванов, на партиски собир остро ја критикуваше локалната власт предводена од ДПМНЕ и Јорданов, оценувајќи дека изминатите четири години донеле хаос, скандали и застој во развојот на градот.
Иванов говореше за проблеми со депонијата, водоснабдувањето, сообраќајниот метеж и нефункционалното осветлување, како и на аферите со злоупотреби во јавните претпријатија и градинките.
„Време е за систем кој ќе ги става граѓаните на прво место. Ќе обезбедиме чиста вода и воздух, повеќе средства во џебот на граѓаните и фер, модерна и услужна општина“, порача Иванов, најавувајќи поддршка за младите брачни парови, инклузивен комплекс за повозрасните и подобри услови за лицата со попреченост.