
Клиничка болница Штип информира дека двајца лица повредени во утринската сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип се наоѓаат во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.
Според официјалното соопштение, еден од пациентите е 24-годишен странски државјанин, кој бил патник во возилото. Кај него по направените испитувања се дијагностицирани скршеници на три ребра, по што е задржан на лекување на хируршкиот оддел.
Возачот, кој исто така е донесен во болницата со брза помош, има потрес на мозокот, скршеница на потколеница и скршеница на скапула. Тој е примен на одделот за ортопедија, исто така во стабилна состојба.
Од КБ Штип потенцираат дека во моментов двајцата пациенти се под постојан лекарски надзор, но нивната општа состојба е стабилна и нема опасност по нивните животи.